Измерена најниската регистрирана температура во буроносен облак

Izmerena-najniskata-registrirana-temperatura-vo-buronosen-oblak.jpg

Измерена најниската регистрирана температура во буроносен облак

Голем буроносен облак формиран над Тихиот Океан 2018 година ја достигна најниската регистрирана температура во таков облак воопшто, објави „Сајенс алерт“.

Температурата во највисокиот дел од атмосферското тело во еден миг беше минус 111 Целзиусови степени. Ваквите ниски вредности сè уште не се измерени во буреносен облак. Грмотевичните бури и тропските циклони, коишто се кружни и со низок притисок, можат да се издгнат многу високо – до 18 километри над морската површина. Воздухот таму е многу постуден, како што појаснуваат од британскиот Национален центар за набљудувања на Земјата.

Сепак, овој температурен рекорд е на поинакво ниво. Неговиот горен дел бил околу 30 Целзиусови степени постуден од кај типичните тропски облаци.

Невремето се наоѓало 400 километри јужно од Науру во југозападниот Тихи Океан на 29 декември 2018 година. Го следи американски сателит во Земјината Орбита, чијшто инфрацрвен сензор и ја открил најниската негова температура. Бурите обично се формираат како наковална, достигнувајќи го врвот на тропосферата. Ако се многу силни, тие продираат во следниот слој – стратосферата, каде што е многу ладно. Во такви случаи, тие се ладат за 7 Целзиусови степени на километар висина. Енергијата на ова особено невреме е поголема како резултат на многу топла вода во областа и ветрот што дува на исток, објаснува раководителот на ииспитувањата, Сајмон Прауд од Универзитетот Оксфорд.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail