Известување за летна пракса

И З В Е С Т У В А Њ Е

ЗА ЛЕТНА ПРАКСА

 

Студентите запишани на прв циклус студии на Машинскиот факултет во Скопје, се известуваат дека, практичната настава (летна пракса) во времетрање од 30 дена, задолжителна за студентите запишани во зимски вторпат и летен вторпат семестар на четиригодишни студии во учебната 2017/2018 година, а факултативна за сите останати студенти, ќе се реализира по завршувањето на наставните активности, а најдоцна до 25 септември во тековната година, а постапката ќе се одвива според објавеното упатство за реализација на пракса на следниот начин:

– Преку Центарот за кариера студентот e должен да обезбеди упатница – писмо на меморандум на Факултетот. Писмото го потпишува Деканот, односно овластените продекани и се заверува со печат и број во Архивата на Факултетот. Сите информации во врска со практичната настава ќе бидат достапни на веб страната на Факултетот.

– Информација за субјектите во кои може да се изведува практична настава подготвува и објавува Центарот за кариера.

– Верификацијата, односно признавањето на реализираната практична настава го врши одговорното лице – менторот со свој потпис на Потврдата издадена од субјектот во кој праксата е изведена.

– Потврдата потпишана од одговорното лице се доставува во Студентската служба на Факултетот при уписот на зимскиот семестар во учебната 2018/2019 година. (Студентите за кои практичната настава (летната пракса) е задолжителна, а кои нема да достават потврда за обавена пракса нема да можат да запишат зимски семестар во учебната 2018/2019 година).

 

МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top