Јадете помалку месо

meso-1.jpg

Месото не е здрава намирница и умерена конзумација е прифатлива за здрава исхрана.

Пред се се мисли на немасно месо бидејќи има висок процент на протеини кои се потребни за градбата на мускулите, богато е со витамини како витамините од Б групата, тиамин, рубофлавин, ниацин и пантотеинска киселина. Месото исто така содржи минерали како што е железото и цинкот кои се заслужни за здрав имунолошки систем. Меѓутоа, преголеми количини месо на чинијата, и тоа секојдневно, не се здрави.

Во студијата објавена во списанието American Journal of Preventative Medicine во 2009 година, отприлика две третини од испитаниците кои ги намалиле внесувањето на месо за еден ден во неделата, го подобриле општото здравје, навиките на исхрана и разни физички активности.

Ќе живеете подолго

Исхраната богата со црвено и преработено месо е поврзана со зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, смртност од рак и вкупна смртност. Студија од Харвард открила дека намалување на внесот на месо може да го намали ризикот од прерана смрт за 19%.

Борба против прекумерна тежина

Прекумерната тежина е една од водечките причини за смрт во САД, едно од три личности е класифицирана како претешка. Не се соочува само Америка со проблемот со дебелината, таа и кај нас станува се поголем проблем. Во Хрватска околу 60 проценти од мажите и 55 проценти од жените се претешки или предебели, што ја сместува оваа држава во првите 5 земји на негативната статистика во Европа. Истражувањата покажуваат дека лужето кои конзумираат помалку месо и следат повеќе вегетаријанска исхарана имаат помала телесна тежина и индекс на телесна маса.

Квалитетна диета

Конзумирање повеќе мешунки и зеленчук наместо месо обезбедува поголем внес на влакна, протеини, железо и други витамини.

Економска компонента

Оброк без месо барем еден ден во неделата може да ви заштеди пари и време во кујната. Квалитетни и здрави парчиња месо чинат повеќе пари од житарици од цело зрно, зеленчук и овошје. Освен што се здрави, вегетаријанските јадења се вкусни и едноставни за подротовка. Вкусен оброк на масата може да биде за неколку минути.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail