Јапонците направија виртуелна девојка (видео)

robot.jpg

Хикари Азума има 20 години и висока е 158 сантиметри. Сака крофни, јапонски анима филмови и фантастично подготвува пржени јајца. Не сака инсекти и сонува да стане хероина која помага на луѓето. Ова е описот на холограмската машина дизајнирана од јапонска компанија за да ги усреќи осамените луѓе.

Хикари носи мини здолниште и живее во стаклена кутија која изгледа како модерен апарат за кафе. Таа може да ги контролира уредите во вашиот дом и да ве извести доколку надвор се очекува дожд или снег.

Виртуелната пријателка со текот на времето ги препознава вашите навики и се прилагодува на вашиот распоред. Таа, исто така, доаѓа во пакет со апликација за разменување пораки, па ако сте надвор од домот и натаму можете да комуницирате со неа.

Гласот на оваа девојка и го позајми младата јапонска актерка Јука Хијамизо.

Уредот ќе биде достапен од декември следната година, но уште сега може да се порача на сајтот на компанијата. Хикари чини 2.526,60 долари, без вклучен данок.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail