japonec.jpg

Јапонците ќе мораат деновите од 27 април до 6 мај да ги поминат неработно, по повод абдицирањето на царот Акихито, чиј престол ќе го преземе неговиот најстар син Нарухито, а многу работохоличари во оваа земја оваа вест ја доживуваат со страв.

Многумина ќе заминат на патување во странство, но работниците кои ги плаќаат по час не му се радуваат на одморот.

Како што пишува Гардијан, не се радуваат ни многумината родители во услужниот сектор, бидејќи што ќе прават со децата додека тие работат. Во текот на тие 10 дена за децата нема да бидат достапни решенијата: продолжен престој во училиште или во градинка.

“Искрено не знам како да го поминам времето сега кога изненадно добивме 10 слободни дена”, вели Сеиша Сато (31) вработен во финансиска фирма.

“Ако сакате да патувате, секаде ќе биде полно, а се покачија и туристичките цени. На крајот би можел да завршам кај родителите”, вели тој.

Јапонските магазини спровеле анкета која покажа дека 45% од анкетираните се чувствуваат несреќно кога станува збор за одморот, додека 35% се среќни поради тоа.

Просечен Јапонец користи само 10 слободни дена годишно, што е половина од вкупниот број на денови кои ги имаат за годишен одмор.

Околу 60% од Јапонците се чувствуваат виновно кога користат платен годишен одмор, а многумина велат дека тоа е поради шефовите кои не дозволуваат отсуство од работа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail