Јапонија до 2025 година ќе има роботи бродови

robotic-ship-white-paper-10-e1497090670354.jpg

Јапонските бродски компании планираат до 2025 година да почнат со користење на паметни бродови кои ќе се движат со помош на вештачка интелигенција. Оваа технологија ќе ги одбира најкратките и најбезбедните рути со што ќе штеди гориво

0607_Вештачката интелигенција ќе се користи за предвидување на штети и други проблеми кои би можеле да помогнат при намалувањето на бројот на поморски инциденти. Компаниите планираат да произведат околу 250 самоуправувачки бродови.

Се очекува дека ваквиот развој на технологијата ќе чини стотина милиони долари. Транспортните компании Mitsui OSK Lines и Nippon Yusen работат со бродоградителите, вклучувајќи ја и компанијата Japan Marine United со која ќе бидат поделени трошоците и ќе биде разменета експертиза.

Nippon Yusen веќе работи на развој на технологија која им овозможува на бродовите да користат податоци за процена на ризикот од судири. Исто така, работи и со норвешката поморска компанија DNV GL за прибирање и анализа на податоци околу состојбата на бродовите и нивните перформанси. Japan Marine United развива сличен систем за анализа на податоци со цел дијагностицирање на штетите пред да се случат.

Првите бродови ќе имаат мали екипажи кои ќе надгледуваат одредени операции, но постојат планови за развивање на целосно автономни пловила за во иднина.

robotic-ship-white-paper-10Компанијата Rolls-Royce минатата година ги најави своите планови за развивање на бродови без човечки екипаж, почнувајќи со бродови со далечинско управување кои би можеле да бидат оперативни од 2020 година.

„Ова веќе се случува. Прашањето не е дали ќе се случи, туку кога“, изјавил еден од потпретседателите на Rolls-Royce, Оскар Левандер. „Комерцијален брод со далечинско управување ќе имаме до крајот на оваа деценија“, заклучил тој.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail