passport.jpg

Според индексот Henley Passport Index, кој ги рангира пасошите од светот според бројот на земји коишто можат да ги посетат луѓето без потреба од виза, а се базира на податоци од Меѓународната агенција за водушен транспорт (International Air Transport Authority -IATA), Јапонија го има најмоќниот пасош во светот. Овој индекс редовно се ревидира со цел да се ажурираат промените во бројот на потпишани договори за безвизен режим.

Јапонија го презеде водството од Сингапур, кој до пред неколку месеци го имаше најмоќниот пасош на светот, а сега падна на втората позиција. Благодарение на бројните договори за безвизен режим кои Јапонија ги потпиша од мај досега, сега со јапонскиот пасош може да се патува во 190 земји и териториии без потреба од виза. Сингапур ја изгуби првата позиција за само една земја – со сингапурскиот пасош без визи се патува во 189 локации.

Третото место го делат Германија, Франција и Јужна Кореја со 188 дестинации. Четвртото го делат Шведска, Данска, Финска и Италија со 187 земји, а на петтата позиција се Норвешка, Обединето Кралство, Австрија, Луксембург, Холандија, Португалија и САД со 186 земји. Шестото го делат Швајцарија, Белгија, Ирска и Канада со 185 земји. На седмата позиција се Австралија, Грција и Малта со 183 земји. На осмо место се Нов Зеланд и Чешка со 182 земји. Деветатата позиција му припадна на Исланд со 181 земја, а десеттата на Унгарија, Словенија и Малезија со 180 земји.

Од останатите соседи најмоќен пасош имаат Хрватска и Бугарија со 169 земји (18 место). Потоа следуваат Србија со 130 земји, Македонија со 125 (43 место) и Албанија со 114 (49 место).

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail