Јапонска техника која ќе ви помогне да заштедите третина од платата

teh.jpg

Постои јапонска техника стара сто години која може да ви помогне во водење сметка за трошоците и заштеда на пари, а се вика Какибо.

Како што пишува на блогот Moni Ninja, според оваа техника, на почеток на месецот треба да запишете фиксни приходи и трошоци, а разликата ќе ви открие колку точно може да потрошите во претстојниот месец.

Втор чекор е да процените колку тој месец сакате да заштедите-тој износ ставете го на страна и потрудете се да не го чепкате ако не е неопходно.

Во текот на месецот бележете трошоци во четири категории, подредени по важност:

1. Преживување – станарина, сметки, храна, деца …

2. Неопходни работи – нова облека,ресторани, нов мобилен, или лаптоп

3. Култура – филмови, лизгалиште, книги, новитети, фитнес…

4. Посебни трошоци-роденденски подароци, неочекувани поправки, домаќинство

На крајот на месецот, споредете ја почетната пресметка и потрошен износ – тоа покажува разлика колку сте зашедиле тој месец. Како се наведува, оваа техника може да доведе до заштеда на дури 35 посто.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top