Јапонски воз тргна 25 секунди порано, компанијата јавно се извини

voz.jpg

Јапонска железничка се извини откако воз ја напуштил станицата 25 секунди порано од предвиденото, што е втор случај во неколку месеци.

Операторот изјави дека големите непријатности кои ги поставиле на клиентите се навистина неоправдани.

Претходниот случај се случил во ноември минатата година кога воз ја напуштил станицата 20 секунди претходно.

Според Јапонија Тудеј, кондуктерот мислел дека закажано било возот да ја напушти станицата Нотогава во 7:11, наместо, како што навистина било планирано во 7:12.

По затворање на вратите една минута пред планираното, тој сфатил дека погрешил, па можел да ја поправи срамната случка.

Меѓутоа, на платформата немало ниту еден патник, па тој се одлучил возот да тргне дури 25 секунди порано.

Јапонските возови имаат репутација за екстремно точно, а се покажало и дека навистина имало луѓе кои очекувале да го фатат.

Откако останале на платформата, тие му се пожалиле на операторот, па официјално извинување беше објавена неколку часа потоа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail