Ocila.jpg

Јапонските компании им забрануваат на жените да носат очила, изгледале ладноОбјавено пред 3 часа – 11 ноември, 2019Од Макфакс

Носењето очила на работа стана емотивно прашање во Јапонија. Според некои извештаи во медиумите, некои компании во Јапонија им забраниле на своите работнички да носат очила затоа што изгледаат ладно со нив. Одлуката предизвика многу критики.

Неколку јапонски медиуми објавија дека некои компании донеле одлука да забранат очила за жени работници од разни причини. Меѓу нив е дека, на пример, асистентките за продажба, кога ги носат, изгледаат прилично ладно.

Телевизиската станица „Нипон“ и „Бизнис-инсајдер“ се меѓу првите што известуваат за ова прашање. Причините за таквата одлука се движат од безбедносните, на пример, кај работничките во воздухопловната индустрија или кај жените што работат со шминка.

„Причините зошто жените не треба да носат очила навистина немаат смисла. Сè е поради полот, прилично е дискриминаторски“, вели Кумико Немото, професор по социологија на Универзитетот „Кјото“.

извор: Макфакс

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail