Јапонските олимписки медали ќе се изработуваат од стари мобилни телефони

olimpijada.jpg

Пред Летните олимписки игри во 2020 година, кои ќе се одржат во Токио, организаторите ќе ги повикаат јавните личности во Јапонија да донираат стари телефони и слични уреди, со цел – да се изработат 5.000 бронзени, сребрени и златни медали за настанот, пишува „Тек-Кранч“.

Јапонскиот олимписки комитет има намера да собере близу осум тони метал пред Олимпијадата и Параолимписките игри, чија организација Меѓународниот олимписки комитет и ги довери на Јапонија пред две години. Металот од уредите по „рециклирањето“ ќе биде заменет со потребното злато, сребро и бронза.

Кутиите за собирање на уредите ќе бидат поставени во просториите на јапонските мобилни оператори во април годинава.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail