ss2.jpg

social network structure, Elements of this image furnished by NASA

Самеримпекс Импулси www.impulsi.com.mk за свој реномиран и долгогодишен клиент кој отвара нова

Интернационална ИТ Компанија, има потреба од: Java Developer (mid-level)

Профил:

– Солидни познавања од објектно-ориентирано програмирање
– Солидно познавање на RESTful API
– Практично искуство со Java EE 8+
– Практично искуство со Angular 2+
– Практично искуство со примена на практики и шеми за дизајн и развој на
софтвер
– Практично искуство со JPA и Hibernate
– Практично искуство со развој на ниво на бази на податоци: процедури,
оптимизација на query-ја, техники на индексирање (Oracle, MySQL,
MSSQL)
– Практично искуство со споделување на знаење (презентации,
менторирање, придонес во „база на знаење“)
– Практично искуство со развој на софтвер како дел од тим
– Практично користење на англиски јазик (пишана и вербална комуникација)
– Проактивност
– Желба за постојано учење, надградување и споделување на знаењето
– Внимание кон детали
– Упорност, истрајност и постојаност во работењето
– Способност за приспособување на нивото на комуникација со членовите на
тимот и клиентите
– Практично искуство во развој на мобилни апликации ќе се смета како
предност
– Практично искуство со Spring Boot & Spring Batch ќе се смета како предност
– Практично искуство во интеграција на апликации со телефонија ќе се смета
како предност

Одговорности:

– Развој, тестирање, корекција и документирање на софтвер (нови
функционалности или промени на постоечки модули)
– Обезбедување на помош и поддршка на колегите од тимот при развој,
тестирање и документирање на функционалности
– Учество во ревидирање на кодот на колегите од тимот
– Учество во евалуација и ревидирање на користените методологии и алатки
за развој на софтвер
– Комуникација со клиентите на позитивен и професионален начин
– Стекнување и надградување на доменски знаења кои ќе придонесат за
подобро разбирање на софтверот кој се изработува
– Споделување на знаења со колегите од тимот во Mакедонија и со
тимовите за развој на софтвер од останатите надворешни компании
– Усвојување на културата на компанијата и работа во согласност со принципите на
надворешните компании.

Придобивки:

– Можност за работа со колеги од тимови во земјите каде компанијата има ИТ тимови
– Пријателска, позитивна и здрава работна околина, фокусирана на развој на
секој член од тимот
– Работа во интернационална компанија
– Можности за постојано учење и надградување

Програмерите кои ќе бидат вработени во овој период, ќе имаат можност многу бргу да стигнат до менаџерски позиции. Вработените и со помало искуство ќе имаат можност за интернационална кариера

Сите заинтересирани можат да пратат CV на следнава електронска адреса [email protected]

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail