Јавен оглас за рецензенти на учебници

ministerstvo-za-obrazovanie-i-nauka-tabla1.jpg

Врз основа на член 16 став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на Република Македонија” бр. бр.98/08, 99/09, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14,146/15, 217/15, 30/16 и 21/18), директорот на Педагошката служба, распишува:

ЈАВЕН ОГЛАС
за рецензенти на учебници

1.Нарачател: Министерство за образование и наука-Педагошка служба, ул.„Св.Кирил и Методиј“ бр. 54-Скопје.

2. Се распишува Јавен оглас за рецензенти по предметите:

Граѓанско образование за IX одделение на деветгодишно основно образование,

– Географија за IX одделение на деветгодишно основно образование,

Македонски јазик и литература за I година средно стручно четиригодишно образование,

Албански јазик и литература за I година средно стручно четиригодишно образование,

– Македонски јазик и литература за учениците од другите заедници за I година средно стручно четиригодишно образование,

– Граѓанско образование за I година средно стручно четиригодишно образование

– Математика за I година (Здравствена струка, Земјоделско-ветеринарна струка, Лични услуги, Текстилно-кожарска струка и Шумарско-дрвопреработувачка струка) средно стручно четиригодишно образование,

– Основи на графичарство и сродни сектори за I година СЕКТОР/СТРУКА: ГРАФИЧАРСТВО/ГРАФИЧКА Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: графички техничар и графички уредник-дизајнер средно стручно четиригодишно образование,

– Основи на графички дизајн за I година ГРАФИЧАРСТВО/ГРАФИЧКА Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: графички техничар и графички уредник-дизајнер средно стручно четиригодишно образование,

– Хигиена и безбедност на храна за I година СЕКТОР/СТРУКА: ЗЕМЈОДЕЛСТВО, РИБАРСТВО И ВЕТЕРИНАРСТВО/ ЗЕМЈОДЕЛСКО-ВЕТЕРИНАРНА Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: агротехничар, техничар за фитомедицина и техничар за агроменаџмент, техничар по ветеринарна медицина средно стручно четиригодишно образование,

– Земјоделство, рибарство и ветеринарство и други сектори на квалификации за I година СЕКТОР/СТРУКА: ЗЕМЈОДЕЛСТВО, РИБАРСТВО И ВЕТЕРИНАРСТВО/ ЗЕМЈОДЕЛСКО-ВЕТЕРИНАРНА Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: агротехничар, техничар за фитомедицина и техничар за агроменаџмент, техничар по ветеринарна медицина средно стручно четиригодишно образование,

– Латински јазик за I година СЕКТОР/СТРУКА СЕКТОР/СТРУКА: ЗДРАВСТВО И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА/ЗДРАВСТВЕНА Заедничкипредмети за квалификациите/образовните профили: медицинска сестра, гинеколошка-акушерска сестра, забен техничар, дентален асистент, фармацевтски техничар, медицински лабораториско-санитарен техничар, физиотерапевтски техничар средно стручно четиригодишно образование,

– Систем на здравствена и социјална заштита за I година СЕКТОР/СТРУКА ЗДРАВСТВО И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА/ЗДРАВСТВЕНА Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили:медицинска сестра, гинеколошка-акушерска сестра, забен техничар, дентален асистент, фармацевтски техничар, медицински лабораториски-санитарен техничар, физиотерапевтски техничар средно стручно четиригодишно образование,

-Современи технологии на економските сектори за I година СЕКТО/СТРУКА: ЕЛЕКТРОТЕХНИКА/ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА заеднички предмети за квалификаците/образовните профили електротехничар за електроника и телекомуникации, електротехничар-енергетичар, електротехничар за компјутерска техника и автоматика средно стручно четиригодишно образование,

– Оптички материјали за I година СЕКТОР/СТРУКА ЛИЧНИ УСЛУГИ заеднички предмети за квалификацијата/образовниот профил: Техничар за очна оптика средно стручно четиригодишно образование,

– Оптика за I година СЕКТОР/СТРУКА ЛИЧНИ УСЛУГИ за квалификацијата/образовниот профил: Техничар за очна оптика во четиригодишно средно стручно образование,

– Лични услуги и другите сектори на квалификација за I година ЛИЧНИ УСЛУГИ, Заднички предмети за квалификациите/ образовните профили Техничар за очна оптика, техничар за козметичка нега и убавина,

– Современи технологии на економските сектори на пазарот на труд за I година Сектор/Струка ШУМАРСТВО И ОБРАБОТКА НА ДРВО/ШУМАРСКО-ДРВОПРЕРАБОТУВАЧКА заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: шумарски техничар, техничар за мебел и ентериер, техничар за обработка на дрво, техничар за пејзажен дизајн.

3. Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:

– да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и

– да бидат наставници од основно односно средно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

– уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кандидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),

– изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование.

– преглед на регистирани податоци во матична евиденција од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Пријавата може да се преземе од следниот линк или да се подигне во Министерството за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е 31.03.2020 година.
Некомплетните или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail