Јавен повик за 2017 година за учество на натревар за проекти на тема „Секоја личност е значајна. Заедно за социјална инклузија”

Javen-povik-za-2017-godina-za-uchestvo-na-natrevar-za-proekti-na-tema-Sekoja-lichnost-e-znachajna.-Zaedno-za-socijalna-inkluzija-.jpg

Јавен повик за 2017 година за учество на натревар за проекти на тема „Секоја личност е значајна. Заедно за социјална инклузија”

ACES – Academy of Central European Schools – act local

објавува Јавен повик

за учество на натревар за проекти за 2017 година на тема

„ Секоја личност е значајна. Заедно за социјална инклузија”

Министерството за образование и наука Ве известува дека Проектот ACES („Academy of Central European Schools“) на кој во последните 10 години активно учествуваа голем број на општински основни како и средните училишта од Република Македонија,од оваа година ја менува својата природа на натпревар.

Имено Aces – act local е нова програма за поддршка за заеднички проекти на училиштата и заедницата за справување со релевантните социјални предизвици во нивната околина. Во современиот свет еднаквиот третман на сите луѓе во општеството, како и постоењето на дискриминацијата и маргинализацијата по разни основи сè уште е предизвик кој треба да се надмине.

Повикот нуди конкретни можности за преземање акција од страна на учениците и наставниците од Централна и Југоисточна Европа, создавање на нови меѓусекторски партнерства со заедницата и зајакнување на чинителите, со цел да се постигне одржлив општествен развој.

Основните и средните училишта од Република Македонија се поканети да земат учество во натпреварот со заеднички проект на основа на партнерство и соработка на училиште со не-училишен партнер од нивната околина на максимално линеарно растојание до 50 км на национално ниво. Партнер во заедничкиот проект на тема „ Секоја личност е значајна. Заедно за социјална инклузија” може да биде на пример јавна установа или некој друг орган ( општината, библиотека,универзитет, давател на јавни услуги, невладини организации, фондации итн.).

Целна група на овој натпревар се сите јавни основни и средни училишта од сите 15 партнерски земји меѓу кои е и Република Македонија, со ученици на возраст од 13 до 17 години, а работен јазик ќе биде англискиот јазик.

Краен рок за аплицирање со Ваш проект е 28 февруари 2017 година на www.act-local.aces.or.at. Поради новиот концепт на ACES-act local, учесниците пред да аплицираат со своите проекти, ќе биде потребно истите во пишана форма да ги достават до Министерството за образование и наука на разгледување и добивање на одобрение најдоцна до 6 февруари 2017 година и по добивање на одобрение ќе можат да аплицираат на горенаведената интернет страница најдоцна до 28 февруари 2017 година.

Меѓународно жири ќе ги оцени и избере најдобрите апликации и истите ќе бидат поддржани со финансиски средства од 800 евра, за реализација на проектот.

Дополнителни информации, брошура со правилата за начинот на учество, дополнителни материјални како и on line апликацијата се достапни на www.act-local.aces.or.at.

Aces act local e инициран од страна на ЕРСТЕ Фондацијата (Виена, Австрија) и е координирана од страна на Interkulturelle Zentrum (Виена, Австрија) во соработка со Nadácia Slovenskej sporitel’ne (Братислава, Словачка).

Во случај да имате било какви дополнителни прашања, Ве молиме обратетен се во Interkulturelles Zentrum: [email protected], T: +43 (0) 1 586 75 44-43  или на [email protected] , тел.02/3123-051

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail