Јавен повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2017 година

priznanie_web-1.jpg

Објавен е Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2017 година, признание што осма година по ред го доделува претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2017 година е отворен до 31 декември за сите млади луѓе до 30 години, кои во досегашната научна работа имаат постигнато значајни научни резултати.

Услов за конкурирање на заинтересираните е да имаат добиено награда или признание за научно-истражувачка работа, резултатите од научно-истражувачката работа да се објавени и применетост на резултатите од научното истражување за тековната 2017 година.

Апликацијата за учество на јавниот повик треба да содржи биографија, реализирани проекти во 2017 година со кои се конкурира (во еден печатен и еден електронски примерок – CD) и доказ за државјанство на Република Македонија. Документите треба да ги достават до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најдоцна до 31 декември 2017 година.

Доделувањето на признанието „Најдобар млад научник“, по иницијатива на претседателот Иванов, има за цел  да го поттикне развојот и да ги стимулира вложувањата во науката, да ги поддржи научните установи и младиот научен кадар, но и да ги награди врвните научни достигнувања.

Носител на признанието „Најдобар млад научник“ за 2016 година е д-р Христијан Ѓорески, кој работи на развивање на алгоритми за обработка на сензорски податоци за градење на интелигентни системи кои што наоѓаат примена во спортот, здравството, грижа на стари лица,

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail