Јавен повик за воспоставување на Европска COVID-19 платформа за податоци

COVID-19_mainpic-1000x600-1.jpg

Global network background. World map point, international meaning. Vector illustration

Министерството за образование и наука согласно одлуките на Европската Комисија преку EOSC (European Open Science Cloud) објавува повик до домашните научни истражувачи и високообразовни/научни установи за воспоставување

ЕВРОПСКА ПЛАТФОРМА ЗА ПОДАТОЦИ ЗА БОРБА ПРОТИВ COVID-19 ПАНДЕМИЈАТА

Со цел подршка на иницијативата на Европската Комисија за воспоставување на Европска COVID-19 платформа за податоци, Министерството за образование и наука и номинираните национални претставници во Управниот одбор на EOSC (European Open Science Cloud) иницира собирање на информации за сите релевантни истражувачки активности и ресурси кои можат да се стават на располагање за истражување на COVID-19 пандемијата и SARS-CoV-2 вирусот.

Во соработка со Европската Комисија, а со подршка на Управниот одбор на EOSC (EOSC Governance Board), отпочната е иницијатива за воспоставување на Европска COVID-19 платформа за податоци за чија реализација е задолжен European Bioinformatics Institute (EMBL-EBI https://www.embl.org/news/science/embl-ebi-leads-international-collaboration-to-share-covid-19-research-data/).

На состанокот на Управниот одбор на EOSC одржан на 25 март 2020 година, претставниците на земјите членки и земјите кандидати меѓу кои и Република Северна Македонија ја поддржаа оваа иницијатива и ја презедоа обврската да ги соберат и да ги достават податоците од своите матични држави.

Европска COVID-19 платформа за податоци ќе се фокусира на собирање и споделување на клинички и епидемиолошки сетови на податоци и резултати со цел забрзување на истражувањата за пронаоѓање на лекот за SARS-CoV-2 како и борба против COVID-19 пандемијата. Освен податоците, земјите се повикани да ги стават на располагање своите е-инфраструктурни ресурси со акцент на напредни компјутерски ресурси. Иако платформата е усмерена на истражувања од доменот на биомедицинските области, сепак не помалку важни се и останатите истражувачки активности насочени на општествените, економските и образовните аспекти на оваа криза предизвикана од COVID-19 пандемијата.

Со воспоставување на глобална платформа наподатоци и научната сфера во Република Северна Македонија може да даде свој придонес во борбата против COVID-19 пандемијата и нејзините последици. За таа цел, ги повикуваме сите установи од оваа област, домашните научни истражувачи и истражувачките тимови, најдоцна до 10.04.2020 година да го пополнат прашалникот и со воспоставување на национална евиденција на релевантни истражувања и ресурси да помогнат во исполнувањето на оваа цел. Прашалникот е достапен на следните линкови. Доколку сте во можност, а и заради полесна размена на информациите со Европската комисија, ве молиме да го пополните прашалникот на англиски јазик. Овозможено е и пополнување на македонски јазик.

Прашалник на англиски јазик http://survey.finki.ukim.mk/index.php/765226?lang=en
Прашалник на македонски јазик http://survey.finki.ukim.mk/index.php/765226?lang=mk
Лица за контакт:
Светлана Пинева, МОН, svetlana.pineva@mon.gov.mk
Анастас Мишев, ФИНКИ, anastas.mishev@finki.ukim.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail