Jelly е најмалиот 4G смартфон во светот – има дисплеј од само 2,45 инчи

4a5bbb18ee5ccc6c8c6f31d683ae4791_original-copy.jpg

Смартфоните секоја година стануваат се поголеми и навистина, иако тоа носи придобивки во конзумирањето на мултимедијални содржини или пак за сурфање на интернет, тие со помали раце (како мене), имаат особена потешкотија во користењето со една рака. Затоа, нова Kickstarter кампања го претстави смартфонот Jelly, кој има 2,45 инчен дисплеј и 4G конекција.

Ова е вистинско освежување денес. Иако со ограничени можности, замислете да имате смартфон со кој ќе можете да споделите слика на Instagram, да напишете статус на Facebook или да твитнете, но во исто време да може да го носите во џебот и воопшто да не го забележувате. Лично, веднаш го замислувам како одличен пријател на спортистите – овој смартфон ќе може да го носите и врзан на раката (ќе има специјални футроли) и воопшто да не го забележувате, нешто налик на паметен часовник.

Секако, ова нема да биде смартфон кој ќе можете да го користите секојдневно, освен ако не сте подготвени на неколку компромиси.

Прво, дисплејот со големина од 2,45 инчи има резолуција од само 432х240 пиксели, што е веројатно доволно за таа големина, но никако доволно за модерните апликации и веб сајтови. Потоа, процесорот има четири јадра на 1,1 GHz и од него не смее да се очекуваат чуда, а зависно од верзијата помогнат е од 1 GB рам и 8 GB простор, односно 2 GB рам и 16 GB простор.

Камерите имаат само 8 мегапиксели назад и 2 мегапиксели напред, но вистинско разочарување е батеријата од 950 mAh (може лесно да се смени), која со сигурност не може да биде доволна за користење на овој смартфон цел ден со едно полнење и покрај тоа што дисплејот е многу мал и има многу ниска резолуција.

Од друга страна, Jelly поддржува 4G мрежи, што значи дека на него барем ќе имате брз интернет, а доаѓа со инсталиран Android Nougat 7.0, има слот за две SIM картички и слот за micro SD картичка. Одлично!

Jelly инаку веќе ги надмина потребните средства на Kickstarter, што значи дека со сигурност ќе излезе на пазарот. Неговата цена почнува од супер ниски 59 долари, што не е премногу за втор смартфон кој би го носеле кога ќе одите на џогирање или на возење со велосипед.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail