JetMinds – онлајн платформа за учење математика

emiter_jetMinds_01_03-2020.jpg

Изминатава недела споделивме со вас неколку информации за начини на коишто наставниците и професорите се обидуваат да го намалат ефектот што прекинот на училишната настава го има во едукацијата на учениците. Во оваа насока ви ја претставуваме и платформата JetMinds, којашто овозможува учење на далечина за предметот математика, во основните и средните училишта.

Македонската интернет платформа #JetMinds е поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој и претставува прва домашна онлајн-платформа кадешто учениците од основните и средните училишта можат да учат математика.

Платформата JetMinds е развиена од страна на Сигмоид ДОО – IT компанија специјализирана во областа на Data Science. Сигмоид е компанија специјализирана во областа на Data Science. Со повеќе од 20 вработени распоредени во две канцеларии (Скопје и Њујорк), работиме проекти на три континенти за клиенти од повеќе индустрии (финансиски институции, телекоми, безбедност, итн.).

Проектите се делат на две категории, податочна инфраструктура и custom-made предиктивни модели базирани на вештачка интелигенција. Тие таргетираат стратешки проблеми врзани со зголемување на профитабилноста и оптимизирање на операциите на нашите клиенти.

JetMinds е едукативна платформа наменета за ученици во основно и во средно образование. JetMinds е нов производ кој беше лансиран во декември 2019 година. JetMinds нуди видео лекции кои ги прикажуваат проблемите од училиште на илустративен начин, со примери од секојдневието, кои секој може да ги разбере.

Платформата овозможува учење на мајчин јазик и по програма која го следи официјалниот образовен модел. Материјата е направена од врвни експерти (вклучително универзитетски професори) од секоја област. Воедно, материјата на JetMinds е прикажана со илустративни примери од секојдневнието, сè со цел учениците да ја разберат суштината на проблемите кои ги изучуваат, а не само да учат на памет. Платформата нуди огромен број на задачи, достапни за секоја тема и прикажани низ повеќе нивоа, со крајна цел да се осигура усовршување на тековната материја пред изучување на нови материјали;

Првично, JetMinds ќе биде достапна со предметот математика, а понатаму ќе се надградува и со останати предмети, пред сè со фокус на оние кои се најпроблематични за учениците.

Тимот на Сигмоид работи на платформата JetMinds од 2017 година.

Платформата JetMinds е достапна на следниот линк: jetminds.org .

На почетокот платформата ве прашува за степенот на образование – можете да го одберете, основно или средно образование – кое одделение, од кое училиште сте, која ви е моменталната оценка и дали посетувате приватни часови или не.

На платформата во менито има опција Аналитика, кадешто ни кажува колку минути сте учеле, што сте виделе, колку прашања сте одговориле. JetMinds нуди детална аналитика за родителите, кадешто прецизно и транспарентно може да се следи колку ученикот учел редовно, колку од материјата ја познава и како се споредува по различни параметри со други деца на негова/нејзина возраст;

Платформата е оптимизирана за користење на десктоп или на лаптоп компјутер, иако не постои директна пречка за нејзино користење и на мобилен телефон.

Оваа недела, со оглед на прекинот во образовниот процес настанат поради епидемијата на Ковид-19, тимот на JetMinds одлучи да ја отвори платформата. Така што, до крајот на месецов, сите кои имаат потреба ќе можат непречено да ја користат оваа алатка за учење на далечина, со сите премиум функционалности.

извор: емитар

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail