ЈСП: Истекува рокот за бесплатен превоз, студентите да си ги заверат билетите до 1 март

Screenshot_4-9.jpg

Ги потсетуваме студентите кои ги исполнуваат условите за користење на годишен студентски билет за бесплатен јавен превоз дека уште неколку дена имаат право на бесплатен превоз со незаверен/непродолжен билет за 2022 година.

Од 1.03.2022 год секој студент од посочената категорија, доколку не поседува уредно заверен/продолжен билет, во случај на линиска контрола, ќе добие записник (казна), доколку не поседува друг тип валиден билет.
Единствен валиден документ за користење на бесплатниот превоз е уредно заверен/продолжен билет за тековната година, не се признаваат индекс, потврда за студент и слично.

ЈСП Скопје и годинава по барање на студентите, за три месеци го продолжи рокот за продолжување на важноста на посочениот тип на билет за 2022 година.

Продолжувањето на билетот се врши во некој од центрите за персонализација со неопходната документација (индекс на увид со запишан летен семестар и потврда за редовен студент, не постара од 1 месец).
Право на користење на билетот имаат сите редовни студенти на државните факултети во Скопје до додипломски студии, без ограничување на возраста.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail