jsp-avtobusi-dvokatni.jpg

рз основа на член 20г од Ваконот за вработени во јавниот сектор, член 37и од Законот за јавните претпријатија, како и Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас за вработување и интерен оглас за унапредување, начинот на спроведување на селекцијата за вработување и за унапредување како и начинот на бодирањето за давателите на јавни услуги на ЈСП СКОПЈЕ, Годишниот план за вработување на ЈСП СКОПЈЕ бр. 021096/3 од 14. 05. 2018 и Одлуката за утврдување потреба од работник за засновање на работен однос на неопределено време бр. 021573/1 од 05. 10. 2018 година, ЈСП СКОПЈЕ објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 2/2018

За вработување на 100 даватели на јавна услуга во областа на комуналните дејности и на други дејности заради кои се основани јавните претпријатија од група III,
подгрупа IV во ЈСП СКОПЈЕ за следното работно место:

1 КДР 03 05 Б04 1 04 Помлад возач на автобус во јавен превоз (100) извршител (и)

Општи улови:
да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Посебни услови:
Стекнато ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование
Со или без работно искуство во струката

Посебни работни компетенции потребни за работното место:
Возачки испит Д категорија

Распоред на работно време:
Работата се организира во три смени:
прва смена од 04,30 до 11,00 часот;
втора смена од 11,00 до 17,00 часот,
трета смена од 17,00 до 24,00 часот.

Должината на дневното работно време може да изнесува 5:40; 06:00; 06:30; 07:00 или 08:00 часа што е во директна зависностод возниот ред на соодветната линија.
Неделното работно време зависи од возниот ред на секоја линија.
Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 20.003, 00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 година се предивидени за: 67 Македонци; 21 Албанци; 2 Турци; 7 Роми; 1 Влав; 2 други.

Рокот за пријава: рок за доставување на пријава за вработување е во рок од 5 дена од денот на објавување на огласот на интернет страницата на претпријатието
и дневните весници.
Пријавите за вработување се пополнуваат на образец изготвен од страна на институцијата која го објавува огласот, истите можат да се подигнат од Архивата на ЈСП
СКОПЈЕ и на веб страната www. jsp. com. mk и пополнети се доставуваат во Архивата на ЈСП СКОПЈЕ на адреса Бул. Александар Македонски бр. 1 0 Скопје, контакттелефон 3174264 лок 1 14лице за контакт: Коста Поповски.

Со пријавите по огласот кандидатите треба да достават:
Уверение за државјанство (копија)
Диплома за завршено образование (заверена на нотар)
Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
Фотокопија од возачка дозвола Д категорија (заверена на нотар)
Изборот на кандидати ќе се врши во рок од 45 дена, доколку се пријават повеќе од 200 кандидати за едно работно место изборот на кандидати се врши во рок од 60 дена, од 201 до 500 кандидати од 90 дена, над 500 кандидати од 120 дена по истекот на рокот за пријавување.

Постапката за селекција за вработување на давателите на јавни услуги во претпријатието се состои од три фази и тоа:
Фаза 1 Административна селекција која опфаќа проверка на внесените податоци во пријавата со условите утврдени во јавниот оглас и проверка на приложените докази во пријавата;
Фаза 2 Интервју
Фаза 3 Тестирање и практична проверка на способностите на кандидатите
Скопје, 9. 10. 2018 година

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail