Јупитер сепак не се движи околу Сонцето!

extra_large-1469116433-cover-image.jpg

Заборавете се што досега сте знаеле. Прво беше најавено дека Плутон воопшто не е планета, а после тоа се воспостави дека е поголема од што се мислеше. Сега е очигледна рекапитулација на се што знаеме за најголемата планета, за која се вели дека не се движи околу сонцето. Јупитер е најголемата планета во сончевиот систем, која освен со своите многу сателити може да се пофали и со најголемата црвена дамка, серија на екваторијалниот појас на силно магнетно поле.

Досега таа  беше (и ќе остане) омилена планета за астрономските аматери, бидејќи таа е толку впечатлива поради големината, што за  страстно површно проучување не се потребни скапи оптички уреди.
Сите знаеме и за нејзината голема тежина исто така. Ова е можеби најсилната карактеристика на оваа џиновска планета. Поточно, масата на Јупитер е два и пол пати поголема од комбинираната маса на сите останати планети (се разбира, вклучувајќи ја и нашата планета).
Јупитер е толку голем  и масовен што  центарот на гравитација не е во самото Сонце. Споменатата маса влијае на поместување на гравитацискиот епицентар.

Кога еден мал објект орбитира околу друг поголем, тогаш тоа не е статична ротација, туку еден вид на меѓусебно орбитирање, што секогаш ни се чини дека поголемиот објект не се движи, всушност ротираат околу заедничка точка на гравитацијата.

Што поголем е едниот објект а другиот помал, тоа е правилен ротациски систем, бидејќи центарот е речиси секогаш во рамките на поголемиот објект.

Кај Јупитер приказната е поинаква. Иако има многу помала маса од Сонцето сепак не треба да се потценува. Имено, нејзината маса е причината што ние технички може да признаеме дека овие две небесни тела орбитираат едно околу друго.

Иако Сонцето по се е во предност, факт е дека Јупитер е доволно масивен да не орбитира околу Сонцето.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail