JZU-Klinichka-bolnica-SHtip-i-UGD-so-uchestvo-na-41.-Evropska-konferencija-za-cistichna-fibroza.jpg

ЈЗУ Клиничка болница - Штип и УГД со учество на 41. Европска конференција за цистична фиброза

Од 6 до 9 јуни 2018 година во Белград, Србија, ќе се одржи 41. Европска конференција за цистична фиброза на која активно учество со свое предавање на тема „Acute dehydration as a primary manifestation of Cystic Fibrosis“ ќе имаат aсистент д-р Марија Димитровска-Иванова, д-р Ирена Николова, д-р Марија Караѓозова и д-р  Луиза Донева.

На конференцијата се очекува да учествуваат околу 2.500 учесници од целиот свет. Цистичната фиброза е најчеста меѓу ретките болести. Од неа во светот се заболени над 80.000 луѓе, а во последните дваесетина години е остварен голем напредок во лечењето, а очекуваната должина на животот на заболените е продолжена од две на 30 години. Некогаш исклучиво болест на децата, цистичната фиброза денес во најразвиените земји на светот стана претежно болест на возрасните.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail