Каде води масовната продажба на криптовалутите?

kriptovaluti.jpg

Од „Голдман Сакс“ сметаат дека масовната продажба на криптовалутите доведе до намалување на вредноста на тој пазар за околу половина милијарда долари. Објаснуваат дека тоа е само вовед во натамошниот пад.

Оваа финансиска корпорација смета дека повеќето од крипто валутите ќе го преживеат следниот период, но ќе има пад на обемот на вредноста на пазарот.

Аналитичарите на „Голдман Сакс“, токму од овие причини советуваат дека инвеститорите би требало да бидат подготвени на можноста да загубат голем дел од својот имот.

Раководителот на истражувачкиот оддел на „Голдман Сакс“, Стив Стронгин вели дека е можно вредноста на некои крипто валути да падне дури и до нула.
Криптотехнологиите може и да имаат потенцијал да го променат начинот на кој работи светскиот платежен систем, но во моментов тие се извор претежно на тревога поради високата нестабилност, обидите за перење пари и други финансиски кривични дела за кои се користат дигиталните средства.

Претходно оваа недела гувернерот на Банката за меѓународни порамнувања Аугустин Карстенс ги повика државните институции во светот да преземат мерки за спречување на хаосот околу криптовалутите, бидејќи нивните врски со глобалниот финансиски систем може да предизвикаат сериозни потреси.

Новиот гувернер на ФЕД, Џером Пауел исто така е меѓу застапниците на тезата за построги прописи и управување со ризикот во светот на дигиталните средства.

Повеќето криптовалути вчера пораснаа. Биткоинот поскапе со близу 8%, до ниво од 8.100 долари, етериум се зголемува за 7.3% до близу 812 долари, а „рипле“ додава 3% на својата вредност, до ниво од 75.72 центи.

Сепак дигиталните пари се далеку под нивоата, постигнати во декември, кога цената на биткоинот достигна рекордни 19.783 долари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top