Кафето може да помогне при слабеење, но само под еден услов

Kafeto-moze-da-pomogne-pri-slabeenje-no-samo-pod-eden-uslov.jpg

Кафето може да помогне при слабеење, но само под еден услов

Доколку не можете да го започнете својот ден без кафе, тогаш имаме добри вести за вас.

Состојките на омилениот црн пијалок дека имаат позитивен ефект врз намалувањето на телесните масти, докажаа истражувањата.

Малкумина од луѓето не го започнуваат денот со шолја црно кафе. Кревањето енергија, будењето и подготвувањето за соочување со секојдневните обврски се добрите страни на овој пијалок.

Честа дебата е тоа какво влијание има кафето врз човековото здравје, некои веруваат дека поголема конзумација на кафе се рефлектира како штетен ефект. Но сепак е поголем бројот на оние кои веруваат дека овој пијалок има корисни ефекти врз нашето здравје. Така, утврдено е дека тоа всушност го намалува ризикот од најчестите форми на карцином (дојка, дебелото црево, простата), кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2, Паркинсонова болест итн.

Дека жените кои уживаат во две или три шолји кафе на ден се склони на помалку маснотии во телото отколку оние кои поретко го пијат овој пијалок или пак воопшто не го пијат, е еден од најновите докажани студии на истражувањата.

Според научниците, причината е дека црното кафе содржи соединенија кои имаат силен ефект врз намалувањето на телесните масти и го поттикнуваат губењето на тежината.

Без разлика на возраста на жената, дали е пушач или не и без разлика дали станува збор за „редовен“ или кофеин пијалок, ефектот е секогаш ист.

Британските научници откриле дека просечниот процент на телесна маст е 2,8 проценти помал кај жените (без оглед на возраста) кои пиеле по две или три шолји кафе на ден.

Жените на возраст меѓу 20 и 44 години кои пиеле по две до три шолји кафе на ден, имале 3,4 проценти помалку маснотии во споредба со луѓето кои не пиеле.

И жените на возраст меѓу 45 и 69 години кои пиеле по четири или повеќе чаши на ден имале 4,1 процент помалку маснотии во абдоменот.

Кафето, исто така, имало позитивен ефект врз мажите, но не во таква мерка, покажа студијата.

Мажите на возраст меѓу 20 и 44 години кои пиеле по две или повеќе чаши дневно, имале 1,3 проценти помалку вкупно масно тело во однос на оние кои не го пиеле овој пијалок. Беше забележано и дека нивната маст е помалку депонирана во пределот на желудникот.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail