Како будењето порано може да го промени вашиот живот?

kako_budenjeto_porano_moze_da_go_promeni_vasiot_zivot.jpg

Бенџамин Френклин има кажано: „Легнувањето рано и будењето рано го прави човек поздрав, побогат и помудар.“ А сепак, колкумина доброволно стануваат рано, особено кога имаат слободно време? Речиси никој. Сепак раното будење може да ви го промени животот, а еве и како:

Ја поттикнува продуктивноста

На вашата продуктивност во голема мера влијае вашата утринска рутина. Продуктивноста е резултат на силни организациски вештини, заедно со способносота да се планира и да се извршува. Ако на тоа дадете плус 3-4 дополнителни часови наутро кои инаку би ги поминале во спиење, тогаш ја имате совршената формула за поголема креативност и подобри резултати.

Ви дава мотивација

Кога ќе се разбудите порано, вие сте будни пред другите. Само со помислата дека веќе сте станати и раздвижени додека другите спијат ќе ви даде неверојатна мотивација. Секако, мотивацијата е сложена работа и може да се појавува и исчезнува. Но, ако го ја создадете ова навика, вашиот мозок ќе лачи доволно допамин за да имате мотивација.

Ви дозволува успешно да го планирате секој ден

Ако решите секој ден рано да станувате, тогаш најверојатно има јака причина за тоа. Вие сакате да бидете попродуктивни, да имате повеќе време и да го постигнете успехот кој толку долго го посакувате.

Будењето порано ви дава  доволно време да го испланирате вашиот ден, наместо да дозволите околностите да ве контролираат вас.

Ја подобрува вашата самодоверба

Во моментот кога ќе почнете да имате повеќе резултати, тогаш ќе бидете посреќни и ќе имате поголема самодоверба. Додека другите уште се будат, вие веќе ќе имате направено 10 работи, а тоа е доволно за да се чувствувате добро во врска со себе.

Ќе имате поздрав живот

2 или 3 дополнителни часа наутро допринесуваат за вашето здравје и среќа. Повеќе не мора на нога да го јадете вашиот прв оброк, кој е и најважен. Имате време да подготвите поздрава храна и да уживате секое утро. Исто така нема да бидете толку под стрес, затоа што кога ќе станувате порано ќе чувствувате дека имате контрола врз животот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail