kgn-img-476795.jpg

Ни пристигнува студеното време, годината полека се приближува кон крајот. Следи период на нагло опаѓање на имунитетот кој се себе носи грип, зарази, вируси, настинки. Доколку се прашувате со што да го наполните вашиот фрижидер оваа есен за да останете здрави, прочитајте ги следниве совети.

Запомнете, важно е да внесувате доволно количини на витамин А, Б, Ц и Е. Покрај тоа, внесувајте и омега 3 масни киселини. Меѓутоа, овие витамини внесувајте ги во организмот по природен пат, а не преку таблети и капсули, освен кога тоа е неопходно. Консумирајте морска храна, интегрални житарици и свежо овошје. Јајца, црвено и бело месо јадете само еднаш неделно.

Наместо месо, јадете повеќе риба. За готвење употребувајте ладно цедено маслиново масло, пишува Klix.ba. Шеќер и слатките работи избегнувајте ги максимално. Наместо колачиња, направете си енергетски бомбици.

За зајакнување на имунитетот корисно е да консумирате кромид, затоа што кромидот е природен антибиотик.

Секое утро, практикувајте да пиете смуди кое е полно со витамини и минерали неопходни за правилно финкционирање на организмот. Смудито правете го со повеќе зеленчук.

Исто така, исклучително важно е да обрнете внимание на pH вредноста во крвта. Наједноставен начин да ја одржите алкалноста во организмот се постигнува ако промешате 2 супени лажици со јаболков оцет и 1/3 мала лажица сода бикарбона. Кога меурчињата ќе изчезнат, додајте 200 мл. вода и испијте. Сода бикарбона купувајте исклучиво во аптека.

извор: Кајгана

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail