Како да изградиш супер бренд – Обука и практична работилница со Петар Лазаров

kako-da-izgradis-super-brend.jpg

Зголемете ја продажбата преку подобра диференцијација на брендот!
Научете како да изградете СУПЕР БРЕНД!
И без печат, оставете силен впечаток!

Вашиот бренд е ветување за вашиот клиент. Тој  му пренесува на клиентот што може да очекува од производот и услугите и ве прави различни од понудата на вашите конкуренти. Градењето на вашиот бренд е како патување низ само-откривање во бизнисот. Тоа не претставува еднократен напор туку континуиран процес.

Придобивките кои стратешки дефиниран бренд може да ги донесе се исти со оние кога луѓето ќе се заљубат! Тогаш кога купувачите ќе остварат  емотивна конекција со производите а причинското е делење на исти вредности и верувања со брендот – тогаш тоа води до поголема продажба и подобра диференцијација на брендот.

Инфо за обуката

Датум: 29 и 30 март (8 часа)
Времетраење: 16.30 – 20.30
Локација: YES бизнис инкубаторот во Автокоманда
Цена на обуката: 3990 МК

  • 15% попуст за студенти и невработени= 3390 МКД (со приложување на индекс или потврда)
  • 15% попуст за пријавување на двајца учесници
  • 15% попуст за рана уплата до 20-ти март, понеделник
  • Во цената е вклучен сертификат за посета на обуката, гратис бизнис книга, материјали за обуката и освежување

Пријавување на следниот линк!
Информации на [email protected] или на телефон 02 3108 891.

Програма на обуката

Вовед во Маркетингот

  • Што е маркетинг?
  • Маркетинг (р)еволуција
  • Бренд и Брендирање на компанија / производ

Елементи на БРЕНД стратегија

  • Важноста на Маркетинг Стратегијата за развојот на компанијата
  • Маркетинг (БРЕНД) стратегија / Групна работилница
    • Истражување на пазарот
    • Колку го познавате вашиот купувач?!
    • Внатрешна  – Надворешна анализа
    • Избор на развојни правци (избор на бренд рута)
      • Дефинирање на производ
      • Дефинирање на цена
      • Промоција
      • Дистрибуција

Интегриран маркетинг пристап

  • Фокусиран и паметен начин на алоцирање на маркетинг буџетот
  • Дефинирање на план на активности
  • Рекламирање со мал буџет

За кого е наменета програмата

  • Сопственици на компании
  • Стартапи
  • Менаџери за продажба
  • Млади претприемачи
  • Брендомани
  • Маркетинг менаџери
  • Продажни тимови
  • За сите оние кои сакаат да ги зајакнат своите маркетинг вештини и да научат нов маркетинг пристап

За предавачот

ПЕТАР ЛАЗАРОВ е ко-сопственик на Macedonia Export Consulting, компанија специјализирана за промоција и трговија со македонски производи на меѓународен и локален пазар, која нуди консултантски услуги за маркетинг, продажба, извоз, менаџмент и развој на бизниси.

Лазаров е дел од тимот што ги изгради брендовите MAMA’s и TIP OF THE WEEK и има повеќе од 15 години практично и теоретско искуство во менаџмент, маркетинг, брендирање и продажба.

Со своето искуство, во развој на македонски брендови и бизниси, се издвојува како еден од ретките предавачи од трета генерација обучувачи кои своето теоретско и практично искуство го пренесува преку свој уникатен став и практичен пристап во реализација на предавањата.

Пријавување

Пријавување за обука на следниот линк!
Повеќе информации може да добиете на [email protected] или на телефон 02 3108 891.
За да го резервирате вашето место потребно е да извршите уплата најдоцна до 25 март 2017.
За онлајн уплата кликнете тука!
За уплата во банка:
Примач: ПСМ Фондација
Банка на примачот: Халкбанк
Сметка: 270000001048942
Цел на дознака: Обука за Бренд

Зошто ПМС бизнис инкубатор

ПСМ Фондација, со главна компонента бизнис инкубатор, постои од 2005 година и претставува вистински синоним за претприемништво. ПСМ Фондација како дел од своите активности нуди специјализирана бизнис поддршка, организира бизнис настани, настани за вмрежување, како и тематки обуки и ИТ обуки.
Во изминатите години поддржавме и овозможивме раст и развој на повеќе од 100 компании, повеќе од 7000 млади луѓе учествуваа на настаните кои ги организиравме и повеќе од 3000 млади луѓе и претставници од компании посетуваа обуки поврзани со претприемништво и ИКТ индустрија.
Биди и ти дел од оваа успешна приказна!

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail