Како да ја научите било која вештина за само 20 часа?!

sat.jpg

Колку ни е навистина потребно време да научиме нешто? Даваме ли се од себе и ја искористуваме секоја минута од времето што ни е на располагање? Што ако е можно да научиме се за само 20 часа?

Џош Кауфман е автор на два меѓународни бестселери, еден од нив го носи името “Првите 20 часа: како брзо да научите се”. Тоа е практичен водич за брзо стекнување на вештини. Учењето може да се забрза со деконструкција на сложените вештини. Прво се применуваат најважните елементи и се отстрануваат пречките. На почетокот на неговите истражувања, авторот бил многу разочаран кога открил дека 10 000 часа се потребни за да се победи некоја вештина. Одлучил екстремно да го смали времето, и дошол до заклучок дека секој што сака може за 20 часа да стане познавач на материјата што  решил да ја научи.

Ви ја даваме суштината на она што тој го смета за неопходно за да се стекне знаењето:

1. Разпоредете ја вештината на делови

Пред да почнете да учите, мора да утврдите што сакате да знаете по учењето. Секоја вештина што сакате да ја научите може да се подели на неколку помали категории. Откако ќе ја разложите на делови, ќе ви биде полесно да разберете и да одлучите кои делови се најважни, па прво тие да ги научите.

2. Изберете го вистинскиот начин кој ќе ве донесе до целта

Сигурно ви се случува пред да почнете да учите да сте во огромна дилема дали ќе научите се. Неодлучноста може да доведе до застој во учењето, се со оправдување дека вие правите нешто корисно. Грешка. Прво одредете кои се сигурните извори за вас. Потоа, доволно е да се користат 3 до 5 извори за да се постигне целта. Во ова, се разбира, исто така може да ви помогне интернетот, Youtube, разни студентски портали, се додека тоа секако не влезе во забава. Она што е од голема помош е консултацијата со колегите.

3. Отстранете ги пречките

Остранете ги сите можни пречки, како што се ТВ, мобилен, лаптоп итн. Тие претставуваат слатко одвлекување што брзо ќе ве привлече, ако не сте доволно решени да го совладате материјалот што е можно поскоро и ако не сте подготвени да научите. Ако треба да најдете некои информации на интернет, да ги прашате своите колеги итн., треба да го направите сето тоа одеднаш. Не дозволувајте во половина од студијата, да ве измести нешто што сте го заборавиле да го истражите.

4. Вежбајте најмалку 20 часа

Секој успешен човек ќе каже дека напорот, работата и трудот се неопходни за да се постигне посакуваната цел. Можеби понекогаш ќе ви послужаи таа среќа, но тоа не значи дека можете да се потпрете на тоа. Вложете, како што вели Кауфман, најмалку 20 часа за да научите нешто ново, а резултатите ќе дојдат сами по себе. На негов личен пример ја тестирал оваа “теорија”, учејќи да свири инструмент. Прво внимателно ја анализирал музиката и сфатил дека некои акорди постојано се повторуваат. Заклучил дека ќе можат да ја отсвири речиси секоја песна доколку ги совлада нив.

– Главната пречка при учењето нови вештини не е интелектуална, туку емоционална. Се плашиме од неуспех и срам. Но, никој нема изговор да не го научи она што го интересира. Сите ние можеме да се одвоиме 20 часа месечно за да ги усовршиме вештините што ги сакаме.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top