Како да креирате позитивна работна атмосфера?

worklifebalance.jpg

Зошто атмосферата на вашето работно место не е добра и како да го поправите тоа?

Секојдневно се соочуваме со  проблеми кои го убиваат моралот на работното место.

Праксата за евалуација на перформансот вашите вработени на годишно ниво, нека ви биде навика и во  однос на оценувањето на културата која владее на работното место.

Но, имајте во предвид  дека културата која владее на работното место, многу потешко ќе ја измерите отколку перформансот на вашите вработени. Можеби вашите вработени, не се премногу ентузијастични кога влегуваат од проект во проект, но тоа не значи дека работат во токсично опкружување.

Од друга страна пак, треба да го имате во предвид и фактот дека премногу насмеани лица и оптимистично дрдорење, не значи дека вашите вработени ќе останат со вас и дека се задоволни од компанијата во која работат.

Многу честа појава е лидерите да не се  запознаени со фактот дека работите не функционираат, доколку не им дадат приоритет и не почнат често и темелно да ја оценуваат културата која владее на работното место.

За да дознаете што е она што не функционира, постои една метрика, која помага во однос на утврдување на целите на културата која владее на работното место и ја користат многу искусни компании.

1. Сатисфакција на работното место

Дали вашите вработени се среќни со она што го работат? Дали се гледаат себеси како дел од големата сложувалка на компанијата? Не плашете се да ги прашате директно. Разговарајте со нив и прашајте ги што е она што ги фрустрира.

Сепак, не мора да воведувате драстични промени на работното место, врз основа на податоците генерирани од извештаите за мерење на задоволството на вработените, кои прикажуваат ниско ниво на задоволство.

2. Соработка

Недостатокот на волја  за соработка на работното место е сигурен знак за тоа дека постои некој проблем во системот. Дали вашите вработени може да најдат можности да работат како тим? Дали се ефикасни? Дали постои проблем на површината кој треба да биде адресиран и решен? Соочете се со вашиот тим или уште подобро, обратете му поголемо внимание.

3. Усогласување на вредностите

Кои се вредностите на вашата компанија? Дали вашите вработени се запознаени со нив? Уште поважно, дали знаат зошто тие вредности постојат и како се вклопуваат во вашата корпоративна култура?
Негативниот и агресивен став спрема вашите вработени, нема да ги направи подобри во извршувањето на работните задачи.  Обидете се со позитивни мерки да ги унапредите резултатите и учинкот на вашите вработени.

4. Иновации

Без оглед на тоа како секојдневно изгледа вашиот тим, имајте во предвид дека ниту еден негов член не ужива во извршување на здодевни и повторливи задачи.

Затоа, отворете им простор за креативно и иновативно размислување, кое е од витално значење. Дозволете им да направат чекор надвор од кутијата. Можноста за слобода во размислувањето, ќе резултира со бура од нови идеи и создавање на нови нешта. Дозволете им, дури и ако не успеат во тоа.

Прилагодувањето на околината во вашата канцеларија, многу често ќе биде тригер за решавање на проблемите на работното место.

Еве три решенија за решавање на секојдневните проблеми:

1. Систем на наградување

Најчеста појава во скоро сите компании е детектирање на негативните страни и недостатоците на вработените.

Но, колку често се фокусирате да го идентификувате и наградите доброто однесување?
Имајте во предвид дека тоа е одлична можност за зајакнување на вредностите и најдобрите практики во компанијата.

2. Насочете ги вашите вработени кон наградата

Културата која владее на работното место, треба да биде прва на листата, која важи за сите нови вработувања. Уште од првиот ден треба да биде инкорпорирана како дел од корпоративната култура и корпоративнитте цели и вредности на компанијата.

Дали лидерите кои се на високи раководни функции, сметаат дека културата на работното место е од витално значење? Што станува со вработените кои се на пониски работни позиции?

Но, дали вредноститe на една компанија се јасно истакнати? Дали  вработените добиваат корпоративни материјали во кои е истакнато како треба да се однесуваат и да делуваат во рамките на компанијата? Ако вашиот одговор е НЕ, тогаш културата која владее во вашата копманија не ви е приоритет.

Очекувањата на компанијата треба да се зајакнуваат постојано преку систем на наградување, а лидерите да бидат пример за добро однесување.

3. Лидерите и нивната мисја

Лидерите во вашата компанија треба да се чувствуваат повразни со изјавата за нивната мисија и секако да бидат поврзани меѓу себе.

Конзистентноста е клучна, без разлика на тоа дали на раководна фунција е жена или маж, треба да се одреди тонот на комуникација со вработените, за да можат и тие да го сторат истото со својот тим и своите вработени.

Размислувајте за лидерите во вашата компанија како за амбасадори, кои ќе допринесат за постигнување на корпоративните цели и задачи, и дадете им ги потребните алатки за да можат успешно да ја спроведат таа порака.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail