Како да не работите ништо, а државата да ви дава над илјада евра годишно!

Dositeja-logo_o.jpg

Оние кои велат дека дипломата од факултет или трудот да се дојде до неа е бескорисна работа, се мамат. Имено, студентите, дипломците, магистрите, и они кои поминале докторски студии, многу добро живеат од своето знаење и тоа додека се наоѓаат во процесот на стекнување на академско знаење! Поточно, можат да заработат и околу 150.000 динари годишно!

А како е тоа можно? Па многу едноставно – благодарение на бројните стипендии.

Така на пример, надарените студенти, кои имаат просек од 9,63 можат да дојдат до 15.000 динари месечно преку наградата „Доситеја“ или 250,000 динари годишно за мастер студентите Фонд за млади таленти.

Се разбира, тоа не е се, затоа што студентите ништо не може да ги спречи да конкурираат (и добијат) пари од други фондови: стрнски влади, Европска унија, приватни факултети, банки, фондации кои можат да дадат и до неколку илјади евра.

„Доситеја“ стипендијата се доделува на студентите од основните и мастер студии на период од 10 месеци. Уште еден услов е да кандидатот нема повеќе од 25 години и да се обврзува да пет години работи во Република Србија по завршувањето на студиите“, велат од Министерството за млади и спорт.

Според нивните зборови, тие кои ќе ја добијат нивната стипендија, не можат истовремено да конкурираат за стипендии обезбедени од државниот буџет, без оглед на тоа дали зад нив стои Министерството за образование или локална самоуправа.

Во Министерството за образование велат дека нивната стипендија изнесува 8400 динари месечно и дека се исплатува на 10 месечни рати.

„Студентот, според закон за ученички и студентски стандард може да прими една стипендија од буџетот на Република Србија. Условот е да просечната оценка од сите положени испити биде 9 или повеќе, да се наоѓа на буџет и да ја исчистил годината, објаснуваат од ова министерство.

Во зависност од програмата и конкурсот на Владата на Австрија, се доделуваат грантови во месечен износ од 940 до 1040 евра, Германија минимум 615 евра за летни курсеви, Лондонска економска школа дури по 5000 евра, но само за два студенти…

Па, кој вели дека учењето не се исплати? Потребно е „само“ да бидете најдобри!

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail