summer-e1530976313664.jpg

Сонувате како пиете коктел на некоја прекрасна плажа додека ја читате омилената книга? Ако немате доволно денови за одмор и можете само да сонувате, има некои практични совети кои можат да ви помогнат да си го остварите сонот без да отсуствувате од работа.

Истражувањата покажуваат дека сме посреќни кога се враќаме од некое кратко патување отколку од некое долго патување. Пред да се откажете од одморот ова лето, има неколку начини на кои можете да патувате ова лето кога имате ограничено време и плиток џеб.

Земете ја работата со себе

Знаеме дека не е идеално вие да работите додека вашето семејство ужива во одморот, а можеби е и контраподуктивно, меѓутоа ако баш мора да работите, тогаш барем можете да дадете се од себе и да работите од дома или од кое било друго место. Погледот на море секако е подобар од погледот во грбот на колегите цел дел.

Бидете безбедни од хакери додека патувате – бидете „електронски голи“

Платете за хотспот за вашиот телефон. Вреди да дадете пари за да бидете во опкружување кое ќе ви го подобри расположението, а можете да ја стопирате претплатата кога ќе се вратите дома. Понесете дополнителна батерија за вашите уреди во случај да нема приклучоци каде што ќе престојувате. Заштитата на екранот од лаптопот од отсјај од сонцето ќе ви овозможи полесно да работите преку ден.

Airbnb може да направи патувањето за работа да ви изгледа како одмор

Не престојувајте во хотел на наредното бизнис патување. Наместо тоа престојувајте во Airbnb, ако дозволи вашата компанија. Ќе имате гарантиран Wi-Fi и екстра простор за да земете сопатник со вас. Освен тоа, ќе се чувствувате поудобно и можете да си го продолжите престојот.

Работете прекувремено за да добиете слободни денови

Ако немате многу денови за одмор, разговарајте со менаџерот за да работите прекувремено во текот на неделата и за викенди за да заработите слободни денови во периодот кој ви одговара вам. Значи, вие не барате да ви се плати прекувремената работа, туку барате слободно време.

Кратко патување до нова дестинација е одлична замена за одмор на плажа

Ако имате ограничен буџет, направете неколку пократки патувања до места кои вреди да ги ставите на Instagram. Користете апликации како Eventbrite за да проверите локални настани и бесплатни концерти во близина. Можете и секој ден од неделата да правите некоја нова активност. Така можеби нема да појдете на нова локација, но сепак ќе се забавувате.

Користете ја апликацијата Roadtrippers за вашите кратки патувања да бидат што поспонтани. Определете си буџет за секое патување – користете ја апликацијата Tripcoin за iPhone или Trabee Pocket за Android. Ќе ви заштеди пари бидејќи нема да плаќате за авионски билети или за хотел.

Апликациите помагаат да го менаџирате патувањето

Патувањето за викенд е одличен начин за одмор и може и да се изненадите колку работи можете да направите за само неколку дена ако сте посебно мотивирани. Ако сте флексибилни со датумите, апликациите како Hopper може да ви помогнат да најдете најевтини авионски билети и најевтини хотели. Ако, пак, одлучувате од денес за утре, апликациите како Hotel Tonight ви наоѓаат ниски цени кои се последна понуда.

Извор: Иноватвиност.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail