Како да препознаете гранично нарушување на личноста кај партнерот и дали е потребна итна помош!?

kako-da-prepoznaete-granichno-narushuvanje-na-lichnosta-kaj-partnerot-i-dali-e-potrebna-itna-pomosh-www.kafepauza.mk_.jpg

Граничното нарушување на личноста е сериозно ментално нарушување што се карактеризира со серија нестабилности во расположението, однесувањето, сликата за себе и функционирањето. Овие искуства често резултираат со импулсивни акции и нестабилни врски. Личноста со ГНЛ може да доживее интензивни епизоди на гнев, депресија и анксиозност што траат од неколку часа до неколку денови. Ако се остави нетретирано, може да има сериозно влијание на самата личност, како и на онаа со која е во врска.

Секое психолошко нарушување е тешко, особено кога сте во врска. Личноста што секојдневно се бори со вакви проблеми, има моменти кога ја губи битката, па нарушувањето презема контрола над неа и тоа има огромно влијание на партнерот. Па доколку се сомневате дека нешто се случува со љубениот или љубената, а не можете да најдете очигледни причини, ниту пак тој или таа се свесни за промените, прочитајте ги знаците за граничното нарушување на личноста. Ако го препознаете вашиот партнер во нив, веднаш препорачајте му да разговара со психотерапевт.

1. Секој ден има нови барања од вас

Можеби станува збор за време, енергија, па дури и мисли – едноставно сè што е поврзано со вас, бидејќи вие секогаш сте проблемот. И сакате да го направите тоа што го бара од вас, затоа што верувате дека така би бил/а среќен/среќна, а можеби и на тој начин би си го продолжиле рокот на врската. Но најчесто ништо не успева и тој/таа никогаш не е задоволен/а.

2. Сексот е валута

Сексот станува една неверојатна валута со која може да добие сè што ќе посака. Тој се претвора во еден вид комодитет и секогаш е одличен. Но дури и да имате одличен сексуален живот, проблемот е што вие очајно барате да се почувствувате поврзано со него/неа и сексот ви создава илузија дека тоа се случува. На овој начин станувате зависни од сексот, бидејќи само тогаш се чувствувате сакано, дури и покрај тоа што не е вистинската поврзаност што ја барате.

3. Се однесува како да ги држи сите карти во свои раце

Тие се главни и вие мора да ги слушате за сè. Бидејќи вие немате гранично нарушување на личноста, почнувате да се убедувате дека сè што тие ви кажуваат или ви прават е во ред, правилно и дека навистина ги држат сите карти. Вистината за нивната моќ и контрола над вас е тоа што длабоко во себе знаете дека оваа врска не успева, па се држите и за најмалите ситници за да не раскинете.

4. Бара да се одделите од сите луѓе во вашиот живот

Можеби ќе почне да ви зборува дека вашите родители или пријатели се лоши луѓе и дека не треба да зборувате со нив. Можеби дури и ќе се жали дека вашето дете ги држи на штрек, па не може да биде крај него. Потоа ќе почне да бара и да престанете да ги викате на гости во вашиот дом, или пак, да го испратите детето во интернат. Вие знаете дека не сакате да ги направите овие работи, но размислувате во таа насока за да ги задоволите неговите или нејзините желби.

Погледнете го и ова видео што ќе ви помогне да дознаете нешто повеќе за оваа состојба…

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail