kgn-img-474424.jpg

Кога купувате авионски билет со месеци наназад ќе заштедите пари, но треба да знаете дека билетот никогаш не е евтин, освен кога авиокомпанијата согледува дека мора да ја спушти цената или никој нема да купи билет.

Потребно е да знаете неколку едноставни работи на кои треба да обрнете внимание.

Бидете флексибилни во одбирањето на дестинација

Не се држете само за една дестинација, сигурно има и други места кои сакате да ги посетите. Одлучете се според вашиот буџет.

Флексибилни со датумите

Доколку изберете да патувате во тек на неделата, ќе најдете поевтини билети. Според Forbs, најдобро е да патувате во тек на работната недела. Билетите се поскапи во време на викенд.

Бирајте полноќни летови

Изберете полноќни летови затоа што тие секогаш се со пониска цена. Исто така, имате време да се наспиете во текот на летот.

Следете ги авиокомпаниите на социјалните мрежи

Ова е уште еден начин како да бидете во тек со новости за патувањата. Можеби ќе имате среќа со некоја last minute понуда, или пак попуст на авио билети кои важат само во определен ден.

Споредете го повратниот билет со билетот во еден правец

Постои можност дека билетот во еден правец ќе биде поевтин, затоа што не е исто кога сакате да заминете на популарна туристичка дестинација и кога од неа се враќате во град во Источна Европа.

Распрашајте се за авиокомпанијата

Пред да купите билет од нискобуџетна авиокомпанија, проверете што влегува, а што не влегува во таа цена. Некогаш во цената е вклучено само седиштето, па дополнителните трошоци ќе бидат многу поголеми.

извор: кајгана

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail