Како изгледала најубавата жена во историјата?

en.jpg

Гламурозното лице на кралицата Нефертити, за кое се верува дека е мајка на фараонот Тутанкамон, беше обновено со најновата 3D технологија, пишува Daily Mail. 500 часа работа биле потребни за репродукција на имиџот на Нефертити, и накитот кој кралицата го носела, а бил рачно изработен од дизајнерите на Диор.

Сепак, бојата на кожата на царската личност, која живеела пред 3400 години, предизвика контроверзност, при што некои тврдеа дека таа не би била толку светла во реалниот живот. Научниците од Универзитетот во Бристол создадоа дигитално лице на античката кралица, која ќе биде прикажано на Travel Channel – Expedition Unknown, во средата вечер.

Владетелката на Египет пред 3.300 години – од 1353 до 1336 п.н.е., кралицата се верува дека е мајка или маќеа на момчето – фараонот Тутанкамон. Нејзиното полно име, Нефернеферуатен Нефертити, значи “убавината дојде”, а славата за нејзината неверојатна убавина се прошири и до денес.

Египтолог д-р Ајдан Додсон од Универзитетот во Бристол добил дозвола од египетското Министерство за антиквитетите и Египетскиот музеј да го отстрани заштитниот слој со кој е превиена мумијата на Нефертити, за да ја разгледа. Со користење на најновата 3D технологија, лицето на мумијата е пренесува во дигитален формат за да се пресоздаде реплика од нејзината глава.

Експертите велат дека креираното лице се чини дека е компатибилно со античките идеи на Нефертити. Силно оштетената мумија на кралицата е откриена во гробница во Долината на кралевите во Египет во 1898 година. Со ДНК докази во 2010 година е утврдено дека тоа е биолошката мајка на фараон Тутанкамон.

Нефертити се памети како една од најубавите жени во историјата, велат научниците. Таа е исто така била моќен фараон кој владеел во некои од најдобрите времиња на античкиот свет. Но, како и многу други важни женски фигури во историјата, нејзиното наследство е нејасно.

Таа се смета за ќерка и сопруга на фараонот, и таа можеби владеела со Тутанкамон. Кога новосоздадениот профил на кралицата ќе се спореди со познатата берлинска биста на Нефертити, тие имаат неверојатни совпаѓања. Смртта на Нефертити е прекриена во мистерија. Се верува дека умрела шест години по нејзиниот сопруг, веројатно од чума што во тоа време го погодила Египет.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top