kgn-img-491583.jpg

Како изгледаше зимскиот распуст без смартфони и таблети?

Ако сте дете на 80-тите или 90-тите веднаш пред очи ви излезе следното сеќавање: носот залепен на телевизор додека гледаш Зимско-рекреативна програма и дома мириса на тазе сварен планински чај.

За време на зимскиот распуст гледавме Пулсирања и “Најсмешни видеоинсерти” со Боб Сагет, како и „Раскажувачот“ и репризи од „Беверли Хилс“ и Македонски народни приказни. Пеевме заедно со Мадона, „Роксет“ и „Ганс енд роузис“ на MTV и чекавме да почне Топ 5 со Реџеп Пампур. Голема беше веројатноста дека има снег до колена, па голем дел од денот поминуваше на улица во борби со снежни топки, правење снешко или тврдина.

Читавме и по некоја лектира. Ама немаше ни интернет, ни смартфони, ни таблети… Секоја генерација си има свое детство и за тие деца тоа се најубавите денови. Можеби единствената разлика е што децата на 80-тите и 90-тите денес имаат социјални мрежи каде може да се се фалат со приказни „во наше време“.

Кој е вашиот најубав спомен од зимските распусти?

извор: кајгана

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail