Како ќе изгледа Земјата за 250 милиони години?

img-317194.jpg

Тим научници од Јејл и јапонската Агенција за морско-копнени науки и технологија предвидува дека за 250 милиони години ќе се формира нов мега континент наречен Амазија.

Научниците предвидуваат дека поради движењето на тектонските плочи кои се спојуваат или раздвојуваат во циклуси од по повеќе стотина години, ќе се формира нов континент, пишува Daily Mail. Истражувањето е објавено во Nature, а е основано според теоријата за ортоверзија, според која континентите по распаѓањето на супер континентите се оддалечуваат едни од други до моментот на подвлекување на една тектонска плоча кон друга.

Ваквите промени се случуваат во текот на повеќе милиони години, а научниците направија симулација во која се прикажува целиот процес. Според нив, Северна и Јужна Америка ќе станат една, додека Карипското Море и Арктичкиот Океан ќе исчезнат. Азија исто така ќе стане дел од двете Америки.

Последниот супер континент Пангеа се формирал пред 300 милиони години, со Африка во неговиот центар. Почнал да се распаѓа на седум континенти околу 100 милиони години подоцна. Тогаш е создаден и Атлантскиот Океан.

Земјината површина се состои од седум големи и седум помали тектонски плочи кои се движат со брзина од неколку милиметри па до два сантиметри годишно, што е брзина на растот на човечки нокот. Меѓусебното триење на тие плочи доведува до земјотреси.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail