Како мајките им го уништуваат животот на своите деца?

maj.jpg

Ако постојано заглавувате во лоши врски дали сте знаеле дека токму вашата мајка можеби е виновникот?

Иако, сакате да мислите дека сте возрасна, независна личност, вистината е дека вашата мајка во голема мера има влијание на тоа кој сте, кој ќе станете и дури и на тоа со кого се состанувате.

Колку и да тврдите дека не се грижите што мисли таа за вас, нејзиното мислење има големо влијание во обликувањето на вашата личност.

Лошите навики на вашата мајка може на неколку начини да ви го уништат животот:

Ви го пере мозокот уште откако бевте дете

Истражувањата покажуваат дека способноста да сакате, верувате и да се справувате со конфликтите се развива за време на детството и тоа директно влијае на вашето однесување во идните врски.

Ако вашата мајка била далечна и студена кон вас кога сте биле бебе, пронаоѓањето на љубовта на вашиот живот ќе ви биде потешко.

Иако, оваа ситуација се развила уште пред да прозборите, тоа не значи дека не можете да ја промените.

Таа ви е пример, за жал, понекогаш лош

Природно сме програмирани да ја гледаме врската на нашите родители како пример.

Па, ако вашите родители имаат квалитетна врска полна љубов и разбирање, тогаш вие сте среќна личност. Но, за жал, не е секогаш така.

Децата од нефункционални бракови и бракови што завршиле со развод имаат поголема веројатност да завршат во несреќна врска.

Таа ве сакаше толку многу, што сè уште сте зависен мал човек

Мајка ви ве сакаше толку што дури ви го средуваше креветот и ви вареше кафе наутро. Дури кога ќе го напуштите семејниот дом ќе сфатите колку таа љубов ве претворила во беспомошна личност.

Вие не знаете да направите ништо сами и се колебате дури и при носењето на најмалите одлуки. Чист дом, стабилна работа и врска, сето тоа ви е тешко да го постигнете.

Таа е константен потсетник на сè што правите погрешно

Прашањата како „зарем не треба да го прескокнеш десертот вечерва?“ или „кога ќе пронајдеш соодветен партнер“, иако мајките ги кажуваат за наше добро, понекогаш прават маните да ни бидат јасно исцртани пред нашите очи.

Сакале да признаеме или не, нејзиното мислење за нас има големо влијание на тоа кои сме ние. Постојаните замерки понекогаш може лошо да влијаат и ние како резултат на тоа да израснеме во личност со ниска самодоверба.

Таа е на добар пат да ви направи проблеми во бракот

Вашата мајка како никогаш да не се уморува од пронаоѓање на замерки на вашиот партнер. Како да не ја знае поговорката: „Ако немаш нешто добро да кажеш, подобро не вели ништо.“

Има забелешки речиси за секое однесување на вашиот партнер и не се срами тоа да го каже јасно и гласно.

Но, без разлика каква и да е, запомнете дека вашата мајка е само човек, кој прави грешки исто како и сите ние.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top