Како на филм: Бактерии менуваат форма во Вселената

bakterii.jpg

На Интернационалната Вселенска Станица (ISS) е пронајдена бактерија која ја менува формата.

Научниците сметаат дека бактеријата тоа го правела за да преживее и покажала зголемување на бројката на клетките за 13 пати, а во исто време и намалување за 73% на големината на клеточната колона – што звучи на сценарио на некој научно-фантастичен холивудски филм.

Авторот на студијата, др. Луис Зеа, објаснува дека тимот истражувачи знаел дека бактериите различно се однесуваат во Вселената и дека е потребна поголема концентрација на антибиотици за да се убијат. Она што е ново е дека била направена систематска анализа на менување на физичкиот изглед на бактериите за време на експериментите.

Во студијата се вели дека единствен начин на кој бактериите на ISS можат да ги варат хранливите состојки или лековите е преку природна дифузија. Намалувањето на површината на бактериските клетки во Вселената значи и дека се намалува и стапката на интеракција помеѓу молекулите и клетките.

Истражувањата и резултатите кои ќе се добијат ќе влијаат на тоа како астронаутите ќе се справуваат со бактериски инфекции во нулта гравитација, бидејќи исто така било откриено и дека клеточната обвивка на бактериите се зацврстила во Вселената, заштитувајќи на E.coli бактеријата од антибиотиците.

Некои бактериски клетки создавале малечки капсули кои се формирале на надворешниот дел од клеточниот ѕид, кои функционирале како клетки кои комуницирале една со друга.

Експерименти слични на овој ќе ни овозможат и подобро да разбереме како бактериите станале отпорни на антибиотиците тука на Земјата

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail