robots.jpg

Дигитализацијата повеќе не е нешто за што мора да се подготват организациите и компаниите, туку мора активно да ја прифатат и да ја имплементираат. Иако за дигитализацијата на работата се зборува со години, степенот на дигитализација во компаниите не е на потребното ниво. Сега работите сепак одат во добар правец, барем што се однесува на регионално ниво, доказ е најголемата хрватска нафтена компанија, INA, која се фати во костец со дигитализацијата и победи.

Во INA дигитализацијата не била поврзана само со префрлање на податоците во електронски облик туку морал да се промени и начинот на работа и да се воведат иновативни технолошки решенија. Бидејќи станува збор за компанија која има повеќе различни оддели и ИТ решенија, дигитализацијата била вистински предизвик.

Така, се одлучиле дигиталната трансформација да ја започнат со примена на роботски автоматизирани процеси (RPA). Иако во името се содржи зборот роботи, RPA е технологија која се води од бизнис логика и структурирани внесови, а со цел автоматизација на работата. Во превод, со помош на паметно бизнис решение се автоматизирала работата која дотогаш ја вршеле луѓе.

RPA примарно е воведен во финансискиот оддел, каде што луѓето постојано мака мачат со огромни количини податоци и услуги. Во соработка со IBM тие утврдиле кои подрачја би биле најдобри за имплементација на RPA и поставиле цврсти темели за воведување на вештачка интелигенција и машинско учење во иднина. Година и пол подоцна во INA се користат повеќе од 60 единствени роботски кодови за 42 RPA процеси, што значи заштеда на време и пари.

Следната фаза е автономна автоматизација на процесите, каде што се користат сложени правила и нетруктурирани податоци за заклучување и постапување. Последната фаза е когнитивна интелигентна автоматизација, каде што системот има способност за разбирање и автономно одлучување. Во вавко систем на автоматизација после секој процес на разбирање и одлучување системот станува се попаметен. Од INA велат дека по автоматизацијата нивните вработени од дигитализираните оддели сега се растоварени од секојдневните рутински и мануелни работи, кои сега ги врши RPA, па можат да се посветат на други проекти и обврски и да дадат дополнителна вредност во компанијата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail