Како настанале Универзитетите

platon-2.jpg

Во својот авторски текст Никола Ачински, студент на филозофија од Нови Сад не запознава со истријата на настанувањето на Универзитетите во Европа.

Платон ги подучувал младите, од филозофија, математика и гимнастика, како и од политика. Таа академија траела, скоро илјада години се до 529 година.

Аристотел во своето училиште во Ликеја, 335 година пред новата ера, отвара институција која го шири знаењето од филозофија, ботаника, политика итн.

Ачински потоа укажува на фактот дека од 529 година, царот Јустинијан ги затвора сите нхристијански школи, со што завршува античкиот период. Следува илјадогодишен период познат како мрак на раниот среден век.

Значењето на првите универзитети

Дури тогаш настануваат првите универзитети наменети за повисоките општествени слоеви, односно во 11 век се создава универзитетот во Болоња, а веднаш потоа и универзитетот во Париз, кој дури во 13 век е признат за универзитет.

Во тој период Франција станува универзитетски центар во кој се образоваат луѓе од цела Европа.

Како основа во образоанието е се разбира теологијата, но тука постепено се развиваат и голем број на други науки.

Интересно е и тоа дека уште тогаш одредени универзитети се специјализираат, па така оној во Болоња се специјализира за право, а во Палермо за медецина.

Значењето на тие универзитети е тоа што тие веќе стануваат места во кој се развива една критичка дискусија која станува особено важна за понатамошниот општествено политички развој.

Од 12 ваек па натаму доаѓа до зајакнување на градовите, со порастот на економската моќ, а со самото тоа и поголема слобода за пошироките општествени маси во пристапот на знаеење.

Потребата, за правници, медецинари и писари станува се поголема, па така на почетокот на 14 век во Европа постоеле 23 универзитети, додека на почетокот на 16 век нивниот број се зголемил на 70.

 

 

 

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail