Како одењето во вселената влијае врз мажите, а како врз жените?

a-e1496999693713-640x449.jpg

Ефектот на нулта гравитација на човечкото тело е несомнено важна, без оглед на полот. НАСА не ги забележала значајните разлики помеѓу мажите и жените во однос на нивниот физиолошки или психолошки одговор на вселенските летови.

Но, полот има улога во тоа како долготрајниот престој во вселената влијае врз телото на астронаутите.

Во јуни 2013та година, НАСА во соработка со Националниот институт за вселенски биомедицински истражувања (NSBRI) објави извештај по проучувањето на кардиоваскуларните, имунолошките, репродуктивните и другите ефекти за кои е виновна вселената, посебно на мажи, и посебно на жени.

Поради диспаритетот на достапните податоци – 477 мажи, наспроти 57 жени, тешко е да се извлечат цврсти заклучоци само врз основа на полот, но пронајдени се некои интересни резултати.

НАСА направила инфографика која прикажува некои од разликите кои се откриени помеѓу мажи и жени во однос на ефектите од долготрајните вселенски летови.

Така во вселената машките астронаути се помалку склони кон вртоглавици и дезориентација од своите колешки, додека од друга страна, на жените не им се влошува видот толку драстично како кај мажите .Жените се повеќе склони кон воспаление на уретрата, додека мажите почесто патат од намален слух, особено на левото уво.

Докажани се и психолошки разлики. Така жените астронаути на тестирањата покажувале поголема склоност кон прецизност отколку кон брзина, додека кај мажите било обратно.

НАСА заклучила дека е потребно да се изберат повеќе жени за време на вселенските мисии, а исто така да се направат поголеми тестирања, како на жените така и на мажите астронаути.

извор: enauka.mk
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail