Како се користи Google Translate?

img-488105.jpg

Што би правеле денешните ученици, студенти, па и некои медиуми без алатка како Google Translate?

Со оглед на тоа дека многу редакции кубурат со преведувачи и лектори и доволен број медиуми и новинари решиле да се потпрат на модерната технологија „како слеп за стап“ (повелете преведете го ова со Google Translate), сметајќи дека се доволно кадарни да препознаат каде софтверот греши и да го коригираат, лекторираат и уредат текстот сами, да им помогнеме да ја користат правилно оваа придобивка на модерното време.

Премногу често почнувам да наидувам на текстови за политичари кои „трчаат за градоначалник“, а да не зборуваме за основно непознавање на синтакса, па добиваме фрази како „ список на објавени исчезнати“ наместо „објавен е список на исчезнати“ и слично.

„Google Translate е бесплатна услуга за преведување на повеќе јазици машина развиена од Google, за превод на текст.“

Вака алатката Google Translate ќе ви ја преведе реченицата „Google Translate is a free multilingual machine translation service developed by Google, to translate text“ што ја објаснува нејзината намена.

За жал, некои колеги преведувачи и новинари ќе ја остават вака оваа реченица и ќе ја одобрат, испратат и објават. Намерно не ставам ништо од претходната реченица во наводници, тоа слободно направете го сами, по сопствено убедување.

Секако на читателот е веќе оставено сам да лекторира, ажурира и селектира информации.

Google Translate ви нуди помош при превод од 141 јазик, вклучувајќи го македонскиот.

Во прилог погледнете како се користи оваа алатка и како максимално да ја искористите за вашите потреби.

За најдобри резултати ви препорачуваме да ангажирате преведувач и лектор.

иѕвор:Кајгана

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail