Каков план „скрои“ Владата за вработување на младите?

makedonska-vlada.jpg

Македонската влада ќе преземе серија мерки за намалување на невработеноста, а посебно кај младите во Македонија, кои се` почесто се одлучуваат да ја напуштат државата во потрага по подобар живот. Па така, Владата на вчерашната седница го прифати Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година. Со него, според Владата, се става поебен акцент на младите невработени лица до 29 години.

– Со оперативниот план ќе се создадат услови за создавање нови работни места, поддршка за креирање нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица – порачуваат од Владата.

Македонија се соочува со голема невработеност, а посебно кај младите, и се наоѓа меѓу земјите со најголем број невработени лица во регионот, но и во Европа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail