Каква боја се јагодите? Нова оптичка илузија која го полуде Интернетот!

opticka-iluzija-jagodi-01.jpg
По периодот на прочуениот “фустан” околу чија боја се расправаа милиони луѓе, на интернет се појавија многу оптички илузии кои успеаа да си поиграат со нашите умови.

Еве уште една. Што мислите, каква боја се јагодите на оваа фотографија?

Сликата е споделена на твитер, од страна на јапонскиот експериментален психолог и професор Акијоши Китаока.

“Веројатно помислувате дека се црвени, но тоа не е точно. Целата слика е сино-зелена, со мешање на белата и црната нијанса. Можеби јагодите ви се чинат црвени, но пикселите не се” – вели Китаока.

Се работи за оптичка илузија која ја создава нашиот мозок. Во оваа ситуација, иако на сликата нема црвени пиксели, мозокот добро ја препознава бојата на зрели јагоди. Освен тоа, бојата која е употребена е на спротивниот крај од црвената од спектарот на бои.

Експертот за визуелна перцепција при Националниот очен институт во Британија, Бевил Конвеј вели дека оваа фотографија е пример за тоа како мозокот “го поправа светот на боите” кога тој е прикажан во поинакво светло.

Сепак, некои корисници на твитер не се убедени во ваквото објаснување на психологот и тврдат дека не е точно дека на фотографијата недостасува црвената нијанса.

Доколку и вие сте скептични, лесно дознајте ја вистината – исечете дел од сликата и ставете ја на бела позадина.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail