Неодамна на интернет-страницата „Редит“ се појави мапа на која јасно може да се види какви дипломи имаат премиерите на европските земји. Тоа што на прв поглед го привлекува вниманието е дека има доста правници, но и тоа дека некои европски лидери завршиле факултети што не се поврзани со работата што ја извршуваат сега.
Премиерите на Русија, Шпанија, Португалија и на Исланд завршиле право. Во таа група спаѓаат и премиерите од повеќето балкански земји, како Словенија, Хрватска и Црна Гора. Миро Герар, Андреј Пленковиќ и Душко Марковиќ, кои студирале правни факултети.
Србите отскокуваат од шаблонот затоа што премиерката Ана Брнабиќ е магистер по маркетинг. Лидерите на Грција и Турција, Алексис Ципрас и Бинали Јилдиирим, се инженери, а во таа група спаѓа и лидерот на Финска.
Политички науки завршил премиерот на Италија, Паоло Џентилони, географија премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, а премиерката на Норвешка, Ерна Солберг, завршила социологија.
Премиерот на Албанија, Еди Рама, завршил уметност затоа што сакал да стане сликар, а премиерката Ангела Меркел студирала, ни повеќе ни помалку, физика.