Какви емоции предизвикува секој тип на алкохол ?!

kj.jpg

„Можеби е до алкохолот“ – фраза која сите барем еднаш сме ја употребиле сакајќи да ги оправдаме сопствените емоции или постапки.

Но, дали точно знаете какви емоции предизвикува секој тип на алкохол?

Пиво = самодоверба

Чаша пиво ви дава поголемо чувство на мир и задоволство, во било кој период од денот. 44% од луѓето велат дека имаат многу поголема самодоверба, а 25% од пивопијците велат дека чувствуваат поголема енергија.

kakvi-emocii-predizvikuva-sekoj-tip-na-alkohol-05.jpg

Црвено вино = замор

Ќе ви звучи чудно, но 60% од луѓето велат дека се чувствуваат изморено после една чашка испиено црвено вино. Половина од луѓето кои консумираат црвено вино тврдат дека чувствуваат целосна релаксација, а само 25% дека чувствуваат зголемена самодоверба. Кај 3% може да се појави агресија.

kakvi-emocii-predizvikuva-sekoj-tip-na-alkohol-02.jpg

Бело вино = флерт

Алкохолот кој најмногу ја поттикнува љубовта. 33% од луѓето кои консумираат бело вино чувствуваат релаксација, 29% самодоверба, па водени од неа почнуваат да бараат љубовни авантури. Кај 15% од луѓето се појавува вид на хиперактивност.

kakvi-emocii-predizvikuva-sekoj-tip-na-alkohol-03.jpg

Жесток алкохол = непредвидлива бура од емоции

Жестоките алкохоли најчесто ја будат енергијата и агресивноста. 58% од луѓето велат дека се чувствуваат полни со енергија и самодоверба, додека кај 42% се јавува изразена сексуалност. Помалку од половина, 30% од луѓето чувствуваат непријатност и анксиозност, а дури 22% чувствуваат потреба да се исплачат под дејство на жесток алкохол.

kakvi-emocii-predizvikuva-sekoj-tip-na-alkohol-04.jpg

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail