Какви луѓе сакаат мачки, а какви кучиња?

maci.jpg

Иако постојат луѓе кои подеднакво сакаат и кучиња и мачиња, сите добро знаеме дека темата за вечното ривалство меѓу милениците маче и куче, никогаш не престанува.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Facebook направи истражување на повеќе од 160.000 луѓе, а во предвид биле земени само оние кои имаат мачка или куче.

Врз основа на содржината на нивните Facebook профили, донеле заклучок и одговориле на прашањето – Какви се всушност луѓето кои сакаат мачки, а какви луѓето кои повеќе сакаат кучиња?

Главен заклучок е дека луѓето со мачки најчесто се осамени и тажни, додека оние кои имаат кучиња се посреќни и имаат повеќе пријатели.

Лицата кои чуваат мачка често се изморени, додека лицата кои имаат кучиња се доста поактивни и побргу се возбудуваат кога се случува нешто.

Сепак, иако обожавателите на кучиња имаат повеќе пријатели, барем така покажува Facebook, љубителите на мачки се повикани на многу повеќе социјални настани.

Лицата кои преферираат мачки почесто немаат партнери, но се чувствуваат посакано од љубителите на кучиња.

Кога станува збор за филмови и книги, нивните вкусови, исто така се разликуваат.

Љубителите на кучиња повеќе сакаат драми, но и книги и филмови полни со емоции, додека љубителите на мачки повеќе сакаат да погледнат или да прочитаат добра научно фантастична приказна.

Љубителите на мачки најчесто живеат во градови, додека љубителите на кучиња во главно во преградија и села.

Важно е само да се земе во предвид дека заклучоците од ова истражување се донесени врз основа на Facebook и содржината која луѓето ја објавуваат на оваа социјална мрежа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top