Канада ги повикува и чека странските студенти

mekgil-univerzitet.jpg

, Image: 269373460, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Profimedia, Alamy

Студентите кои што не се по потекло од Канада во некои од најпрестижните универзитети веќе се побројни од  канадските студенти.

Странските студенти на Универзитетот Мекгил во Монтреал се околу една четвртина од вкупниот број на студенти. Приближно половина од нив се од Кина.

На колеџот во северен Атлантик, млада кинеска стои помеѓу бледолик Канаѓанец и за своите планови за иднината разговара со двајца студенти од Бангладеш и девојка од Кореја.

„Средината е добра и мислам дека за мене би било добро да останам“, вели Феј Џи.

Другите исто така планираат да останат во земјата откако ќе дипломираат и ако имаат можност да добијат канадско државјанство.

Нивниот пат не е сличен. Тие се само тројца од стотици илјади странски студенти кои денес живеаат во Канада како дел од владината стратегија за преобликување на структурата на населението со интеграција на високо образовани млади луѓе од целиот свет. Тоа би било одговор на забрзаното стареење на канадското население.

Владата во ноември донесе низа измени во имиграционата политика се со цел на странските студенти да им се овозможи полесно останување во земјата и добивање на државјанство.

На Канада и се потребни талентирани имигранти за да заменат старото население. Имигрантите веќе сочинуваат 75 проценти од растот на работната сила.

Во текот на академската 2015/16 година популацијата од странски студенти во Канада порасна за осум проценти, односно  на над 350 илјади луѓе што е околу еден процент од канадското население.

Удрени се темелите на нашиот образовен систем кој што е познат по квалитетот, нашата земја има репутација на толерантна и безбедна а образованието е релативно евтино, вели Кален Мекбрајд  претседателка на канадското биро за меѓународно образование

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail