86459008_136802251148508_6057658222586626048_n-702x336-1.jpg

Кандидатите за претседател на универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се соочат на јавна дебата утре (12 февруари) во амфитеатарот на Градежниот факултет, со почеток во 18ч.

Студентите ќе имаат можност да се запознаат со кандидатите и нивните програми непосредно пред изборите, кои се најавени за четврток (13 февруари).

„Сите заинтересирани ќе имаат можност да ги упатат своите прашања и забелешки кон кандидатите“, стои во најавата за јавната дебата, организирана од факултетските студентски собранија на ФИНКИ и на Правен факултет.

извор: радиомоф

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail