Кина и Европа тестираат нова технологија која ќе им помогне да го анализираат појавувањето на бурите

buraaa.jpg

Кина и Европа тестираат нова технологија која ќе им помогне на сателитите во вселената да го анализираат појавувањето на бурите на различни точки на Земјата, пренесоа американските медиуми.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Европската вселенска агенција соопшти дека соработува со Државниот научно-вселенски центар на Кина при спроведувањето на копнени тестирања на два дополнителни уреди проектирани да достави фотографии со висока резолуција од орбитата на растојание 36 илјади километри.

Ако испитувањата се успешни, следната фаза ќе биде вселенска мисија. Европа и Кина заедно за прва пат работат на сличен проект. Постојните сателитски системи не можат да соберат информации за температурата и влажноста потребни за следење на бурите. Тропските циклони во северозападниот дел на Пацификот секоја година ја изложуваат на сериозна опасност Кина и други земји во регионот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top